Во Грчките води инвазија на виолетова медуза – Грција објави мапа каде се има појавено опасната медуза

Во грчките води, во Егејското и Јонското море, има инвазија на виолетова медуза „Pelagia noctiluca“, а експертите го обвинуваат порастот на температурата на морето, како и претераниот риболов. Виолетовите медузи, во голем број се забележани во централното и северното Егејско Море, во Саронскиот Залив во близина на Атина, како и на неколку острови во Јонското Море, објави Република.

Сепак, проблемот не е само грчки, бидејќи го зафаќа целото Средоземно Море – пишува „Keep Talking Greece“.

Грчката опсерваторија за биодиверзитет (Biodiversity Biodiversity) објави мапа на која се прикажани областите и плажите каде што се наоѓаат медузи. Картата постојано се ажурира, а корисниците можат да додадат во листата на плажи каде што виделе медузи.

Виолетовата медуза е еден од најопасните видови на Медитеранот поради силниот невротоксин што го има, а се пренесува со убоди.

Изгорениците на овие медузи се многу болни. Доколку имате контактот со нив, бидејќи се појавуваат во јата, може да покрие повеќе од половина од телото, а тогаш е неопходна хоспитализација. Тие ослободуваат невротоксини, па на кожата се појавуваат отоци, болни изгореници и осип, а оние со преосетливост може да имаат и срцеви проблеми, тахикардија, пад на притисокот, силни главоболки, дијареја, бронхоспазам, гушење и повраќање.

 

Сега нивната појава е честа поради промената на климатските услови и зголемувањето на температурата на морето, а претходно била забележана во интервали од 10-ина години.

Засега, предупредувањето за појавата на виолетова медуза се однесува на туристи кои летуваат или планираат да летуваат на Кефалонија, Закинтос, Крф, Пелопонез, но и да ги посетат Паксос и Антипаксос. Локалните медиуми на големо пишуваат дека се забележани и на плажите во Атина. Се предупредуваат капачите да не влегуваат во водата.

Текстот во целост на: Република.

Фото: Инстаграм buceo_cursos