Во донаторска кампања „Турција, едно срце“ собрани 5,7 милијарди евра

Во донаторската кампања за помош „Туркије, едно срце“, која заеднички се емитуваше на тв-екраните и на радијата за настраданите од земјотресите кои потресоа 11 турски области со епицентар во областа Кахраманмараш, собрани се средства во висина од 115,1 милијарди лири (5,7 милијарди евра), а испратени се над 9 милиони СМС-пораки, известува Анадолу.

Заедничката програма на кампањата „Туркије, едно срце“, беше емитувана на 213 национални и меѓународни телевизии и 562 радиоканали.

За време на заедничкото емитување на програмата организирана за донаторската кампања „Туркије, едно срце“, која траеше седум часа, собрани се донации во вредност од 115,1 милијарда лири (5,7 милијарди евра), а испратени се над 9 милиони СМС-пораки.

Осум еминентни личности од Туркије, меѓу кои имаше и актери, новинари, тв-водители, во парови од по двајца, беа модератори на програмата во живо.

Покрај телефоните, наизменично се менуваа и познати личности кои ги забележуваа донациите. Телефонската комуникација со донаторите ја остваруваа најпознатите актери од турските серии, тв-водители и пејачи, најпознатите турски спортисти, претседатели на спортски клубови од Туркије и многу други. Средства донираа од најголемите компании во Туркије, па се до пензионери, студенти и деца кои своите пензии, заштеди и школарини ги донираа за настраданите во земјотресите.

– Во програмата се вклучи и претседателот Ердоган

Претседателот Реџеп Таип Ердоган вклучувајќи се во програмата, рече дека државата со сиот свој персонал и опрема и со мобилизација на целата нацијата, преземена е итна акција за да се застане покрај жртвите од земјотресот во трката со времето во напорите за пребарување и спасување, и додаде дека продолжуваат активностите за спасување и укажување помош, покрај суровите зимски услови и големината на областа зафатена од разорните земјотреси.

Текстот во целост на:Анадолу.

фото: Анадолу.