Во земјотресот во Тајван повредени се 1.038 лица, 42 работници се водат за исчезнати

Бројот на повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 1.038, бројот на загинати се уште е 9, додека 42 работници во хотел се водат како исчезнати.

Работниците во моментот на земјотресот биле на пат од Хуалиен кон Националниот парк Тароко, а командниот центар за кризни ситуации објавил дека потрагата по нив била главна цел, пренесува Ројтерс.

Планот е да се испратат беспилотни летала и хеликоптери за да помогнат во потрагата по работниците и, доколку се најдат, да им се достават материјали што е можно поскоро.

Шест лица се спасени со хеликоптер од рударската област.

 

 

telegraf.rs