Започна проектот за мобилно издавање на патни исправи за нашите државјани во Кина.
Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во нашата Амбасада во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи и во оваа држава.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).
Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен со рестриктивни мерки за карантин.
Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на членовите на Комисијата за помилување, соопштија вечерва од кабинетот на претседателката. Членовите на…