Во најновата епизода на „Прасето Пепа“ прикажана истополова двојка

Британската анимирана серија за прасето Пепа е една од најпопуларните серии за деца од предучилишна возраст низ целиот свет. Во текот на епизодата под назив Семејства, прасето Пепа се запознава со нова другарка Пени, чии мајки се поларни мечки.
Додека го црта портретот на своето семејство, Пени објаснува: „Живеал со мама и другата мајка. Едната мајка е лекарка, а другата готви шпагети.“
Цртаниот филм чии автори се британските аниматори Марк Бејкер и Невил Астли, се прикажува од 2004 година.

Пред две години во Америка е почната онлајн петиција со која се бара во анимираната серија да се вовеват истополови семејства. Собрани се речиси 24 илјадни потписи.

„Децата кои го гледаат цртаниот филм „Прасето Пепа“, впиваат се, напишале авторите на петицијата.

„Со вклучување на истополовите семејства од омилениот детски цртан филм ги учи дека самохраните мајки или семејства со родители од различен пол се нормали“, додале тие.
Роби де Сантос, директор за комуникација и надворешни работи во ЛГБТ организацијата Стоунвол, истополовата двојка во популарниот цртан фил ја опишува како „фантастичен момент“.

„МНОГУ ДЕЦА ГО ГЛЕДААТ КОИ ГО ГЛЕДААТ ЦРТАНИОТ ФИЛМ „ПРАСЕТО ПЕПА“ ИМААТ ДВЕ МАЈКИ ИЛИ ДВАЈЦА ТАТКОВЦИ И ТОА ЌЕ ИМ ЗНАЧИ МНОГУ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА БИДЕЈЌИ НИВНОТО ИСКУСТВО СЕ ПРЕТСТАВУВА ВО СЛАВНАТА ДЕТСКА ПРОГРАМА“, ИЗЈАВИ ТОЈ ЗА БИ-БИ-СИ.

„Прасето Пепа“ не е првата програма за деца во која се прикажани истополови двојки. Во америнаскиот цртан филм „Артур“, чија целна група се деца на возраст од 4 до 8 години, беше прикажана геј венчавка во 2019 година.

Последната епизода на „Прасето Пепа“ предизвика жива дебара на Твитер.

Извор:www.daillyrecord.co.uk