Во пожарот во Кочани загина и Тоше Богданов, отишол со друштвото да ги почасти за новородениот син

Тоше Богданов (30), млад човек од Облешево, вработен во локална автомеханичарска работилница, загина во страотен пожар што избувна во ноќен клуб во Кочани. Според неофицијални извори, неговата сопруга се породила само неколку дена пред несреќата. „Тоше сакаше да го прослави раѓањето на својот син со пријателите. Тој реши да го почести своето друштво во дискотека, не сфаќајќи дека тоа ќе биде неговата последна вечер“, се доверил извор близок до случајот за Информер. Оваа радосна вест трагично беше скратена, оставајќи зад себе неутешно семејство и пријатели, пишува Телеграф.