Во Појасот Газа откриени уште пет гробници од римскиот период

Археолозите во Газа пронајдоа уште пет гробници од римскиот период, јавува Анадолу.

Џамал ​​Абу Рајде, генерален директор за антиквитети и културно наследство во палестинското Министерство за туризам и антиквитети во Газа, рече дека досега биле пронајдени вкупно 130 гробници од римскиот период.

Минатата година пронајдени се 125 гробници.

Археолозите работат на римски гробишта стари 2.000 години откриени во Газа. Станува збор за површина од околу 4.000 квадратни метри.

Газа е еден од важните градови на античкиот свет.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.