Во Русија приведени уапсени се најмалку 109 демонстранти, кои протестираат против мобилизацијата.
Во сибирскиот град Иркутск, според локалните активисти, приведени се најмалку десетина од 60-те демонстранти кои се собраа на централниот плоштад.
Во третиот по големина руски град Новосибирск, на видео објавено на социјалните мрежи се гледа како демонстрант извикува: „Не сакам да умрам ниту Путин ниту за тебе!“
Организатор на протестите е руското движење „Весна“ (Пролет), кое денеска повика на протести против мобилизацијата што ја најави претседателот Владимир Путин. На социјалните мрежи се објавени видеа од протести во источниот дел на Русија, во во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.
Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и недозволени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „до 15 години затвор“.
novamakedonija.mk