Со навлегувањето на постуден воздух од северот на Европа дождот на Јулијанските Алпи во Словенија почна да преминува во снег.
На Кредарица, еден од врвовите на Јулијанските Алпи во Словенија и истоимениот планинарски дом и метеоролошка станица, се појави снег, што може да се забележи и на камерата поставена во близина на планинарскиот дом.
Во моментот на станицата се измерени -1,7 степени Целзиусови и удари на ветер од 11 m/s.
dnevnik.hr