Во централна Турција регистриран земјотерс со јачина од 4,5 степени

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11:22 часот по локално време, бил на 56 километри западно-северозападно од Кахраманмараш и 14 километри југо-југозападно од Ѓоксун. Длабочината на епицентарот се проценува на пет километри.

 

 

тв21