Украина соопшти дека најмалку едно лице загинало, а две се повредени кога транспортен авион се урнал за време на „технички лет“ во јужниот дел од Украина, што е најнов инцидент со авион од советската ера подложен на вакви несреќи.
„Авион АН-26, кој според прелиминарните информации и припаѓал на Украина, денеска се урна во околината на Михајловка во областа Запорожје. Авионот вршел технички лет. Утврдено е дека едно лице загинало, а уште две се повредени“, пишува во соопштението на администрацијата на регионот.
Бројот на екипажот и причината за несреќата се истражуваат, се додава во соопштението.