(Вознемирувачко ВИДЕО) : Фудбалер доживеа срцев удар на натпревар и почина во болница

Трагичната вест го потресе фудбалскиот свет. Мустафа Сила (21) почина откако колабирал на теренот за време на натпревар во Брегот на Слоновата Коска.

Сила го носеше дресот на Расинг Абиџан, а мечот кој во неделата се одигра против СОЛ ФК во елитното ниво на локалниот фудбал му беше последен.

 

Имено, несреќниот фудбалер во еден момент само изгубил рамнотежа и колабирал, а соиграчите брзо го повикале медицинскиот персонал.

 

Набрзо по несреќата пристигнала брза помош, но фудбалерот починал по пристигнувањето во болница.

 

24sata.hr