Вечерва врнежите од снег кои ја зафатија нашата држава ќе продолжат и ќе се интензивираат насекаде. Насекаде се очекува формирање на снежна покривка (на пониските места таа понекаде ќе достигне и до 20 сантиметри, понекаде дури и повеќе, а на Скијачките центри и на другите планини и до половина метар и ќе биде идеално за скијање. Во втората половина од ноќта врнежите ќе се преместуваат кон исток, но ќе дува силен северен ветер (локално и повремено со брзина од дури 90 км/час, со што се можни дури и штети поради очекуваниот силен северен ветер. Во понеделник наутро многу студено, понекаде температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени, со што ќе има појава на силен мраз, стои во објавата од метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Related Posts
Македонска туристичка понуда претставена во Тајмс
Британскиот весник Тајмс ја наведе Македонија како „восхитувачка туристичка дестинација“ во листа во која се наброени и лагуни во Исланд,…
Ковачевски за Сител: ЕУ е нашата единствена алтернатива, Собранието има капацитет да донесе уште една голема стратешка одлука
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител, говореше за важноста…
Зимата може да пристигне во првите денови од Новата година
Најнови излези на Европскиот центар за среднорочна прогноза (ECMWF), како што и најавивме зимата можно е да ни пристигне во…