Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал Новинки, е 24-годишниот Давид Козак. Според порталот, во четвртокот попладне полицијата започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случајот со насилна смрт на Кладно.
Тој пукал во својот татко во семејната куќа, соопшти полицијата.
„Напаѓачот бил студент на тој факултет. Убил најмалку 15 и ранил 24 лица во зградата. Инспирацијата ја наоѓал во странски филмови и слични страшни настани во странство“, соопшти полицијата на прес-конференција.
Полицијата соопшти дека овој настан не е поврзан со меѓународен тероризам.
„Сè уште не започнавме со идентификација на телата на загинатите“, беше објавено.
Напаѓачот се уште не е официјално идентификуван.
„Според првите информации тој паднал од покривот, но и полицијата пукала во него. Поради повредите се уште не е можно да се идентификува телото“, се додава.
Според првите резултати од истрагата, убиецот немал соучесници.
Беше наградуван студент“, рече началникот на полицијата.
Според информациите што ги објави полицијата во врска со претресот, Козак бил вооружен.
Младиќ, кој бил студент на Филозофскиот факултет, потоа отишол на факултет каде извршил масовно убиство.
Според полициски извор, убиецот бил Чех, студент по историја со психички проблеми. Тој, наводно, го убил својот татко дома, а потоа таму поставил рачно изработена бомба, што не успеало.
Мотивот за пукањето се уште не е познат.
telegraf.rs