ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 16 ноември

534 Објавена е втората и конечна ревизија на Јустинијановиот кодекс.

1912 Прва балканска војна: Започнува Битолската битка помеѓу српските и турските воени сили.

1918 Унгарија објавува независност од Австрија.

1940 Еден месец по создавањето, нацистите го оградиле со ѕидови Варшавското гето и им го забраниле излезот на неговите жители – Евреите од Варшава. Околу 440.000 Евреи останале изолирани од светот во нехумани услови сѐ до ослободувањето во

1945. Десетици илјади луѓе умреле од глад и болести. Повеќе од 310.000 оттаму биле испратени во логорите на смртта, каде што биле убивани во гасни комори.

1945 Операција „Спојувалка“: армијата на САД тајно прифатила 88 германски научници и инженери да работат на развојот на ракетната технологија.

1945 Основан е УНЕСКО.

1962 Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.

2001 Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.

 

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија