Второ издание на Ohrid cocktail festival

Изминатиот викенд Охрид беше домаќин на второто издание на Ohrid Cocktail Festival, манифестација која повторно ги обедини врвните бармени, љубителите на коктел културата, музиката и летната атмосфера. Фестивалот се одржа на 3 и 4 јули на просторот пред хотел „Палас“, привлекувајќи бројни домашни и странски посетители.

Во текот на дводневната програма, посетителите имаа можност да уживаат во презентации на најновите коктел трендови, дегустации, музичка програма и разновидна забавна содржина. Настанот уште еднаш го потврди потенцијалот на Охрид како атрактивна туристичка и фестивалска дестинација, која нуди квалитетни содржини за сите генерации.

Општина Охрид беше меѓу поддржувачите на фестивалот, а присутните ги поздрави претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, кој ја истакна важноста од поддршката на вакви манифестации што придонесуваат за афирмација на градот, збогатување на туристичката понуда и развој на современи фестивалски содржини.