Вучиќ пред да замине за Њујорк, запали свеќа во црквата Свети Сава

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утрово беше во црквата Свети Сава пред да замине за Њујорк.

„Пред патувањето во Њујорк побарав благослов од српскиот патријарх господин Порфириј и му се помолив на Бога во нашето светилиште – црквата Свети Сава во Белград. Одам во Њујорк да се борам со сите сили и срце за иднината на нашата земја.

Вучиќ денеска отпатува за Њујорк, каде што ќе учествува на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, на кое ќе се расправа за Резолуцијата за Сребреница, која е закажана за 23 мај.