Вучиќ со одговор на заканите на Харадинај: Нашата сила се фабриките, патиштата, но и армијата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска му одговори на Рамуш Харадинај кој изјави дека Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе во Косово и Метохија.

Претседателот рече дека се прашува дали Харадинај ќе ги бомбардира или некој друг.

– Немам коментар за глупости. Србија ќе ги зачува мирот и стабилноста. Нашите силни страни се фабриките, патиштата и болниците. Наша сила е и нашата војска и ќе биде уште посилна – им порача Вучиќ на насобраните новинари во Лозница.

 

извор/фото: агенции