Газпром го запре протокот на гас за Италија

Италијанската енергетска компанија ENI соопшти дека од денеска е запрен протокот на гас од руската енергетска компанија Газпром.

„Газпром изјави дека не може да го испорача бараното количество гас за денеска. Наведе дека протокот на гас низ Австрија не е можен. Затоа, руската испорака на ENI преку влезната точка во Тарвизио денеска ќе биде 0“, се вели во соопштението..

Во интервју за италијанската агенција ANSA на оваа тема, неименуван функционер на ENI рече дека од денеска Газпром не може да обезбеди проток на гас до ENI и изјави дека Австрија испорачува гас преку Словачка. Тој додаде дека се во контакт со Газпром за да се врати протокот на гас.

 

republika.mk