Голема гранитна плоча згмечи двајца работници во Битола, едниот почина, другиот се бори за живот

Голема гранитна плоча вчера згмечи двајца работници на позната битолска фирма која се занимава со изработка на надгробни споменици и скали. Повозрасниот работник починал на лице место, додека другиот е во животна опасност, пренесе Независен.

– Денеска (30.04.2022) во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција – изјавила портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.