Американскиот национален центар за урагани објави дека системот на бура што се движи нагоре по источниот брег на САД најверојатно ќе зајакне во следните неколку часа и ќе прерасне во тропска бура.
Во својот најнов извештај, центарот за урагани известува дека бурата се наоѓа 405 километри источно од Чарлстон Јужна Каролина и околу 320 километри јужно од Кејп Хатерас, Северна Каролина. Има максимални одржливи ветрови од 85 километри на час, што ја надминува минималната брзина на ветерот од тропска бура од околу 63 километри на час.
Синоптичарите на центарот за урагани известуваат дека бурата ја црпи силата од топлите води на Голфската струја во западниот Атлантик. Тие велат дека авион за лов на урагани се очекува да го испита системот подоцна во петок.
Центарот известува дека без разлика дали невремето ќе добие име, се очекуваат услови за тропска бура, на југоисточниот и средно-атлантскиот брег.
VOA