Градови кои ќе исчезнат до 2030 година според прогнозите на научниците

Веб-страницата Climate Central создава мапи кои покажуваат кои делови од светот би можеле да бидат изложени на ризик од пораст на нивото на морето врз основа на веродостојни податоци за климатските промени. Додека загадувањето не е намалено, планетата станува потопла, а поларните ледени капаци се топат – веќе во 2030 година, светот би можел да изгледа многу поинаку.

 

Се разбира, има многу променливи во игра и многу може да се сменат до 2030 година. Можеме да изградиме заштита од поплави, да ги приспособиме градовите и, идеално, властите конечно да преземат сериозна акција за да се запре климатската криза, според Time Out. Но, ако ништо од тоа не се случи, некои од градовите би можеле да се најдат целосно (или во голема мера) под вода за помалку од една деценија.

Мајами, САД

Нивото на морето во Мајами се зголемува со алармантна брзина, не само што се заканува да ја оштети градската инфраструктура, туку и предизвикува поплави кои ја загадуваат водата за пиење, дополнително загрозувајќи ги жителите. Покрај непосредниот одговор за запирање на климатските промени, Мајами ќе мора да преземе поконкретни чекори за да се спаси од „тонење“: ќе мора да ја зајакне својата основа и да подигне одредени структури над нивото на водата, пишува Full Suitcase.

Банкок, Тајланд

Бангкок е изграден на многу мека глинена почва која е подложна на поплави. Истражувањата покажаа дека оваа позната туристичка точка секоја година тоне околу два до три сантиметри – побрзо од другите слични градови на бреговите. Според една студија од 2020 година, Бангкок е првиот во низата градови кои ќе доживеат големи последици од глобалното затоплување. Експертите предвидуваат дека Бангкок ќе падне во спирала со мали изгледи за закрепнување.

Амстердам, Холандија

Холандските експерти за спречување поплави развија напреден систем на насипи, брани и други бариери кои ја држат водата подалеку од инфраструктурата и населението. И покрај тоа, тие се принудени внимателно да ги следат и да ги надградуваат системите за да спречат катастрофални последици. Многумина тврдат дека опасноста е неизбежна поради континуираното тонење на земјата како резултат на климатските промени.

Басра, Ирак

Басра е главниот пристанишен град во Ирак, кој се наоѓа покрај силната и широка река Шат ал-Араб, која се влева во Персискиот Залив. Научниците предвидуваат дека овој осиромашен арапски град би можел делумно или целосно да биде потопен во следните десет години.

Џорџтаун, Гвајана

Кога станува збор за области кои наскоро би можеле да потонат поради ефектите од глобалното затоплување, Карибите се на врвот на листата. Најмногу се зборува за главниот град на Гвајана, кој се наоѓа на устието на реката Демерара во Атлантскиот Океан. Со векови Џорџтаун се бранеше од бури и други временски услови со огромен ѕид долг 450 километри. Ситуацијата е таква што земјата мора значително да го зајакне тој ѕид за да ги држи централните области на градот подалеку од огромни штети.

Хо Ши Мин, Виетнам

Поплави и тропски бури го загрозуваат делот на Хо Ши Мин од делтата Меконг, а научниците предвидуваат дека источните делови околу реката наскоро ќе бидат непогодни за живеење. Посебно се загрозени мочуриштата на Ту Тием, а експертите посочуваат дека тие би можеле да завршат под вода и пред 2030 година.

Калкута, Индија

На главниот град на индиската држава му се заканува природна катастрофа. Калкута би можела делумно да биде потопена до 2030 година поради големите поплави. За жал, ова е многу сиромашен дел од светот кој нема соодветна финансиска иницијатива за зачувување на традиционалниот начин на живот на овие простори.

Њу Орлеанс, САД

Њу Орлеанс, заедно со својата богата историја и разновидна култура, тоне со една од најбрзите стапки во светот. Студијата на НАСА од 2016 година покажа дека целиот град може да биде потопен до крајот на овој век. Њу Орлеанс бил целосно под нивото на морето во 18 век, сто години подоцна пет проценти биле потопени, додека денес тој број пораснал на 50 проценти. За неповолната состојба придонесува географската положба, но и човечката активност, вклучително и дупчење за потрага по нафта и природен гас.

 

nova.rs