Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ на својот Фејсбук профил сподели фотографија од заканувачкото писмо што го добил затоа што дозволил да се одржи новогодишниот концерт на Здравко Чолиќ.
На новогодишниот концерт во Дубровник, Здравко Чолиќ пеел пред 30.000 луѓе, а покрај добрата забава што им ја приредил на поситителите тој нагласил дека има убави спомени од овој град. Писмото го испратиле хрватските бранители Тигри и Четвртата бригада на Хрватска. -Добро утро поздрав од „бранителите“ кои немаа храброст да потпишат, вели Франковиќ во описот на фотографијата. Писмото содржи закани и навреди упатени кон градоначалникот.
-Другар Франковиќ, кога го браневме Дубровник од четниците и Србија во 1991 година, ти денес каниш српски пејачи на Страдун како Здравко Чолиќ и Цеца кои им пееја на четниците во Пале. Сега мислиш дека ќе се потсмеваш со хрватскиот народ. Последното предупредување дека цел Страдун ќе го изораме со динамит и ќе те обесиме на јарбол на Страдун, пишува во писмото што го објави градоначалникот на Дубровник.