БУРДУР (АА) – БИЛАЛ АЛТИОК –
Грнчарството и грнчарските предмети изработени од глина што се извлекува од низината Мамак, кои античкиот град Сагаласос во Агласун, турската област Бурдур, го направија керамички центар на тој период, денес во живот ги одржува едно семејство во селото Мамак, пишува Анадолу.
Познат како регион Писидија за време на Римската Империја, античкиот град Сагаласос во Западен Медитеран, кој датира од 3000 година пр.н.е., во археолошките студии се истакнува според керамичката изработка.
Во студиите за наодите во античкиот град се открива дека суровините за керамички материјали биле обезбедени од низината Мамак која се наоѓа во близина на ова подрачје.
Керамичкото наследство на Сагаласос, кој бил еден од петте главни центри за изработка на керамички производи во периодот од 1 век пр.н.е. до 6 век од нашата ера и праќал керамички продукти во Египет, го продолжуваат третата и четвртата генерација на семејството Сезер, кои живеат во селото Мамак, каде што се вади глината.
Џунејт Сезер, трета генерација на семејството што изработува производи од глина, како чинии, тенџериња, бокали, тави, тепсии, тави за риба и печурки, чаши и касички во работилницата што ја изградиле близу нивната куќа, занаетот што го научил од татко му и дедо му, а му го пренесува на синот Јусуф.
Џунејт Сезер (52), кој израснал три деца благодарение на грнчарството, за АА раскажа дека нивното село е важно место во Западниот Медитеран, каде што се вади глина за керамички и грнчарски производи, исто како што тоа било во античко време.
Истакнувајќи дека производите направени од глина се поздрави од пластичните материјали, Сезер вели:
„Во моментов ние сме единствени во регионот Бурдур. Во селото нема друг што го прави тоа, само ние. Всушност, веќе ги нема старите мајстори. Имаме неколку нови деца што ги обучуваме и се трудиме да го научат занаетот.“
– „Земјата обезбедува луѓето да бидат милостиви“ –
Сезер рече дека работата со земја ја отстранува негативната енергија од луѓето и додаде:
„Бидејќи се занимаваме со земјата, земјата, сакале или не, влијае врз нашата хемија, нашите животи и нашиот дијалог со луѓето. Почвата го прави човекот поемотивен, помилостив кон луѓето затоа што кога ќе ја снема таа негативна енергија во телото, човекот се смирува и полесно дискутира. Јас и татко ми го научивме занаетот од дедо ми. Мојот дедо беше многу работлива и вредна личност. По дедо ми и татко ми, јас сум трета генерација. Сега веќе доаѓа четвртата генерација. Може да се каже дека во оваа работилница како мајстор ги обучив моите две деца. Сега и мојот најмлад син Јусуф напредува во занаетот. Се надевам дека овој бизнис ќе ѝ го предаваме на четвртата генерација. Меѓу моите деца, особено Јусуф, малку повеќе е расположен и поамбициозен за овој занает. Грнчарството е работа што не може да се прави без да се сака.“
Сезер вели дека интересот за грнчарски производи се зголемува од ден на ден и додаде дека тие произведуваат многу продукти за ресторани и продавници за сувенири и ги праќаат во Ајдин, Невшехир, Истанбул, Анталија, Аланија и Финике, а производите им ги даваат и на големите трговци со грнчарство.
Шеснаесетгодишниот Јусуф Сезер, кој занатот го учи покрај својот татко и во средно училиште учи за керамика, нагласи дека оваа професија почнал да ја учи на седум-осум години и додаде: „Цел ми е да станам мајстор.“