д-р Снежана Куч: Наместо да се фокусира на унапредување на здравствената дејност во Инстутутот, прва реформа беше да се тргне уметничката слика на Гоце Делчев

Денес бев сведок на првата реформа на г-дин Азис Максутовиќ – новиот директор на Институт за медицина на труд во Чаир. Наместо да се фокусира на унапредување на здравствената дејност во Инстутутот, неговата прва реформа е да се тргне уметничката слика на Гоце Делчев од ординацијата за пулмологија, сподели д-р Снежана Куч, пулмолог и алерголог.

Неговата бурна и нестаблина реакција беше со образложение дека им сметала на пациентите во Чаир. Впрочем, таа слика е во Институтот повеќе од 50 години и е аманет од доктор Манасиев – еден од основоложниците на Институтот, на кој тој треба да му биде благодарен што е воопшто директор.
До кога ќе се фокусираме на националистички теми, наместо на теми за подобрување на здравството?, пишува таа.