Традиционалното пријателство, меѓусебната поддршка и разбирање и заедничкaта стратешка цел за членството во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи.
Разговаравме за европската перспектива на Западниот Балкан, предизвиците со коишто се соочува секоја од земјите на интегративниот пат, како и за можностите за нивно надминување.
Ја потенцирав важноста на регионалната соработка и на градењето добрососедски односи со отворен и искрен дијалог, со избегнување на вето.
Упатив покана за возвратна официјална посета на претседателот Милатовиќ на земјава, којашто тој со задоволство ја прифати.



