Давкова: Почит за великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев, по повод 153-годишнината од неговото раѓање

Благодарение на неговите непоколебливи стремежи за национална и социјална правда, неговото име е трајно врежано во македонската колективна меморија.
Неговата мисла „јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ и денес одекнува како инспирација за сите кои веруваат во правда, слобода и единство.
Како еден од водечките организатори на македонската револуционерна борба, Делчев неуморно работеше на создавање силна мрежа на борци и интелектуалци, со јасна визија за иднината на својот народ. Неговата смрт во 1903 година не ја згасна идејата за слобода, туку напротив – стана вечен симбол на стремежите на македонскиот народ за слобода и независност.
Слава му!