Извештајот на Државниот управен инспекторат треба да ги потврди или отфрли сомнежите дали во Институтот за јавно здравје со години незаконски се вработувале админитративци кои немале полагано испит за службеници.
Октако анонимен мејл до институцијата алармирал заа начинот на кој што се вработувало во администрацијата, но и начинот на пресметување на кофеициентите на плати, инспектори вчера ја проверувале документацијата, по што се чека нивниот записник.
Наводно, вакви вработувања имало уште од 2017 година, но за дел од тие вработени нема да може да се постапува поради застаеност на делото. Ако се докаже дека меѓу новите вработени има такви со неположен испит, тие ќе добијат откази, а не се исклучува можноста да треба да ги враќаат платите.
За инспекцијата во ИЈЗ денеска реагираа од ДУИ, чии кадри со години раководеа со оваа институција. Во писменото соопштение обвинуваат дека актуелната директорка се обидувала да ги омаловажи Албанците во ИЈЗ.
Вонредниот инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат, инициран врз основа на анонимна претставка со тенденциозна и антиалбанска содржина, не претставува ништо друго освен организиран обид за отстранување на албанските вработени и создавање амбиент во кој тие се третираат како граѓани од втор ред, се верли во писменото соопштение од ДУИ.
Директорката Марија Андоновска пак вели дека воопшто не била изненадена од ваквата реакција на ДУИ чиј кадар 15-тина години беше директор на ИЈЗ. Таа повика да не се става етничка нота на целиот случај, туку да се почитуваат законите.
Јавноста треба да знае дека ДУИ секогаш реагира кога треба да се прикрие незаконско работење, кримнинал, корупција. Да не се става етничка нота онаму каде што ја нема, туку законот треба да се почитува и да важи за сите подеднакво, вели Андоновска.
Зад директорката застанаа и од ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението посочуваат дека таа се обидувала да спречи криминал и незаконско работење во Институтот.