Два дена по веста на Порталб, Општина Тетово ги објави договорите на дело

Само два дена по веста на Порталб.мк за необјавување на договорите на дело од страна на општина Тетово за првите три месеци од 2022 година, што според ветувањата на Oпштината требаше да се направи на крајот на март, општината денеска го објави документот; се работи за 78 договори во тек, од кои 30 се продолжени договори од претходната администрацијата, пишува Порталб.мк.

Меѓу имињата се лица блиски до партијата Движење Беса. Договорите се на период од два месеци, три месеци и една година. Од Oпштината соопштуваат дека во списокот се и договорите потпишани и од jавното комунално претпријатие „Тетово“ и од претпријатието „Градски паркинг“.

„Општина Тетово во првите три месеци годинава има склучено вкупно 78 договори. Од нив 30 се продолжени договори, склучени од претходната администрација. Од останатите договори, значителен број се ангажирани во Општинскиот инспекторат за одржување на редот бидејќи во оваа област има значителен недостиг. Исто така, некои договори склучени на 1 јануари годинава се главно административци ангажирани во Комисијата за легализација и урбанизам поради големиот обем на работа што овој сектор го има како резултат на големиот број предмети кои треба да се решат, со цел граѓаните да ги легализираат објектите навреме и согласно Законот за легализација. Друг дел е ангажиран според потребите во различни сектори, како што е кабинетот на градоначалникот, почнувајќи од организациониот дел, кабинетот за односи со јавноста итн.“, рекоа од Општина Тетово.

Од таму додаваат дека сите ангажирани со договор на дело, на крајот на месецот поднеле извештај за сработеното.

Целиот список може да го најдете подолу или со кликнување ТУКА.