Два швајцарски града одлучија минимална плата да ја покачат на 4.075 евра

Два швајцарски града – Цирих и Винтертур – воведуваат минимална плата која ќе изнесува 23,9 односно 24 франци на час.

Така, тие се приклучуваат на групата провинциски кантони кои веќе ги регулирале најниските можни примања на вработените граѓани.

Минималната плата е вообичаено решение во западните либерални демократии, но минималните плати што ги воведоа Цирих и Винтертур предничат според нивната висина. Станува збор за сума од околу 4.000 швајцарски франци месечно, што е околу 4.075 евра, наведува Јутарњи лист.

За споредба, минималната плата во Германија е 2,7 пати помала отколку што ќе биде во Цирих и Винтертур. Впрочем, 4.075 евра од загарантираната минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која е 3.810 евра месечно.

Само во Цирих околу 17.000 луѓе заработуваат помалку од 4.000 франци месечно. Тоа главно ги погодува работниците во секторите како малопродажба, чистење или гастрономија.

Извор: 4news.mk