Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло.
Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот.
Сите индиции укажуваат на осамен сторител. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош – изјави полицискиот портпарол Торе Барстад.
Локалните медиуми јавија за најмалку три места на злосторство.
Нема информации за потенцијалниот мотив, но инцидентот првично не e класифициран како терористички. Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот.
видео: 247TV
фото: PRTSC Twitter