17-годишно момче влегло во авион со наполнет пиштол во југозападна Австралија. Момчето било совладано од двајца патници и пилотот.
Момчето најверојатно успеало да стигне до авионот преку дупка во оградата на аеродромот Авалон. Носеше безбедносна јакна поради која изгледаше како вработен во аеродром. До авионот во кој имало околу 160 патници стигнал преку скалите што воделе до авионот на Џетстар.
Бомби
Еден од патниците кој помогнал да се совлада момчето, за телевизијата Network 10 изјавил дека го видел момчето како се качува во авионот и дека момчето се иритирало кога стјуардесата му поставувала прашања. Тој, исто така, наводно викал дека има бомби во чантата. Според зборовите на патникот, момчето потоа го вперило пиштолот во градите на стјуардесата.
Патникот, кој е поранешен професионален боксер, успеал да го совлада момчето, по што му помогнале друг патник и пилотот на авионот. „Ова мора да беше многу застрашувачки инцидент за патниците во тој авион и полицијата на Викторија ја пофалува храброста на оние патници кои успеаја да го совладаат тој човек“, рече началникот на полицијата на Викторија.
Мотивот сè уште непознат
Летот бил откажан откако момчето било уапсено. Се уште се истражува мотивот на момчето и зошто не можело да биде сопрено порано. Подобрени се и безбедносните проверки на аеродромот и околу него.
Австралискиот премиер Албанес вели дека нема загриженост за општата безбедност на австралиските аеродроми и дека ова е изолиран инцидент.
извор: НОС Холандија