Анкета на Ипсос сугерира дека Де Сантис веќе има наклонетост од 72 отсто од републиканските поддржувачи, наспроти Трамп со 64. Победата на Де Сантис во Мајами како да ги засени поразите на кандидатите на Трамп кои ги изгубија местата. Но, поранешниот американски претседател вели дека Де Сантис е просечен гувернер.
Чиракот на Трамп во политиката, а сегашен гувернер на Флорида, Рон Де Сантис е единствениот човек кој во моментов би можел да го прати во политичка пензија својот мајстор, пишува Би-Би-Си. Де Сантис(44) стана популарен за брзо време и ќе се кандидира на следните претседателски избори во 2024 година исто така од редот на Републиканците. За најсветлата ѕвезда во подем во партијата Трамп рече дека тој е „просечен гувернер без лојалност кој дошол кај него во очајна форма“.
Но, анкетите за Сантис го велат токму спротивното. Според Ипсос во октомври, 72 отсто од регистрираните републиканци рекле дека Де Сантис треба да има големо или добро влијание врз иднината на партијата. Околу 64 отсто го кажале истото за г-дин Трамп.
Се плаши ли Трамп од Де Сантис? Додека луѓето околу Трамп го советуваат да ја одложи одлуката да се кандидира за следните избори, се чини дека 76-годишниот бизнисмен и поранешен претседател на САД е решен да се пресмета со Де Сантис. Тој продолжи со изјави дека неговиот ривал е „лесен човек“.
– Рон имаше слабо одобрување, лоши анкети и немаше пари, но тој рече дека ако го поддржам, тој може да победи. Ја поправив и неговата кампања, која целосно се распадна – продолжи да се жали поранешниот американски претседател.
– Па и во однос на лојалноста и класата, тој (Де Сантис) навистина не е вистинскиот одговор – додаде Трамп.
Пред неколку дена Републиканците добија мнозинство во Конгресот, додека во Сенатот водат со само еден човек, па затоа ќе се прегласува. Но, кандидатите кои Трамп ги подржа се мачеа или ги изгубија местата. Трамп наводно бил бесен на сите во партијата и на Меланија Трамп. Неговиот миленик докторот Оз го изгуби столчето. Дали Трамп пак ќе обвинува за изборна измама како што тоа го направи во 2020 година кога изгуби од Џо Бајден?
Едно е сигурно. Неговите гласачи, повеќето од нив, отрфлаат дека во 2020 година имаше измама. И на овие изброи, неговите најблиски советници му велат да ја преиспита одлуката и да не се кандидира.
BBC