Девет годишната Анатасија која живее во Германија на своите соученици преку видеа им ги доловува убавините на Македонија

Анастасија Анастасова е девојчето кое на многу возрасни им покажа како се сака татковината. Имено, ова 9-годишно девојче, веќе неколку години со своето живее во Хамбург, Германија. Сега е четврто одделение, а пред некое време одлучи на своите соученици, но и на целиот свет да им ги покаже убавините на Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija (@mitanastasija2021)

Анастасија стана популарна по видеата кои ги објавува на Јутјуб, а во нив зборува за убавините на Македонија. 9-годишното девојче на течен германски зборува за земјата од која потекнува, а на секое видео има и македонски превод, кој е наменет за нејзините следбеници од Македонија.

Идејата најпрво дојде од училиште, поточно моите другарчиња кои мислеа дека сум родена во Германија, бидејќи веќе го имам германскиот акцент и затоа решив да им кажам на сите од каде доаѓам. Но, имаше уште една случка која исто така беше причина – барањето на мојата тетка за нејзиното дете (мојот братучед), која побара од мене да зборувам на германиски за Македонија и така прво го снимив за дома, а тој го презентираше во училиште и помина одлично. Потоа им го покажав и на моите другарчиња и одлучив да продолжам, вели Анастасија во интервју за Хаштаг.

 

hashtag.mk