Две девојчиња се осомничени за убиство на 12-годишно девојче од Фројденберг, јавуваат германските медиуми. Девојчето било пронајдено мртво во неделата, а подоцна било потврдено дека била жртва на убиство.
Девојчето исчезнало во саботата вечерта додека се враќала дома од куќата на пријател. Нејзиното тело било пронајдено следниот ден во близина на велосипедска патека на границата меѓу покраините Рајнска област Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија.
Германските медиуми јавија дека осомничените се две 12-годишни девојчиња, пишува Дојче веле. Полицијата подоцна денеска треба да одржи прес-конференција во Кобленц за да открие повеќе детали за злосторството.
index.hr