Девојка на TikTok: Јас сум меѓу 12.000 отпуштени во Google

Корисник на TikTok под корисничкото име @nicolesdailyvlog објави видео на социјалната мрежа во кое објаснува како дознала дека е отпуштена од работа, што ја расплака.

 

Никол, вели таа, работела во Гугл како програмски менаџер, но откако матичната компанија на Гугл објави дека отпушта 12.000 вработени, и таа останала без работа. Во видеото таа вели дека шефот и рекол да си ги провери мејловите. Тогаш Никол сфатила дека пристапот и е блокиран, па го повикала шефот и почнала да плаче.

„Најлошото е што никој не знаеше за оваа одлука и сите дознавме дека сме отпуштени во исто време. Се чувствував како да играме руски рулет“, рече таа.

 

Потсетуваме дека чадор-компанијата на Google Alphabet неодамна објави дека ќе укине 12.000 работни места, со порака до работниците дека економската состојба е полоша отколку што очекувале. Компанијата во последниве години интензивно вработува „за поинаква економска реалност од онаа со која се соочуваме денес“, напиша извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи во писмото до вработените.

@nicolesdailyvlog The Google layoffs were not how I expected to start off 2023, but I know it’s only up from here 🥲 #techlayoffs #googlelayoffs #techgirl #corporatelife #techvlog #dayinmylife #techlayoffs2023 ♬ Flowers – Miley Cyrus

index.hr