Девојче од Србија секој ден само пешачи со километри низ пустелија

Девојчето Десанка Луковиќ од село на планината Голија во југоисточна Србија, секојдневно мора да пешачи по неколку километри во речиси пуст предел, за да стигне до која било дестинација. Животот не бил љубезен кон неа. Денот ѝ започнува во 4 часот наутро.

Десанка вели дека нејзиниот живот е многу поразличен од оној на нејзините врсници, но и покрај тоа, не би се менувала со нив.

„Патувам 25 километри до училиштето, а кога паѓа снег е доста тешко, но се борам да постигнам добри резултати. Овде не е многу страшно, сум видела волци и мечки, што не е толку страшно како што мислат луѓето. Во секоја смисла, животот не е лесен и за сè е потребна волја и борба“, вели девојката за „Санџак ТВ“.

Десанка се труди да им помогне на родителите, но и да му го олесни животот на својот помал брат.

„Некои сакаат да живеат во град, некои не, но јас ги сакам селата и местото каде што живеам. Животот е многу полесен во лето, бидејќи деновите се подолги“, вели Десанка, која себеси за десет години се гледа на истото место.

„Планирам да останам овде на Голија и не се плашам што ќе донесе времето. Бог ќе им помогне на сите, вклучувајќи ме и мене. Мојата желба беше да имам многу коњи и овци, а земјоделството да ми биде професија. Досега имаме девет коњи и три магариња. Успевам да направам сè и не ми е тешко“, вели таа.

Ја посетиле и нејзините другарки од училиште. Нејзина желба била да им ја покаже убавината на недопрената природа.

„Моите другарки еднаш дојдоа да ме посетат и им се допадна ова место. Кога дојдоа, беше зима и имаше многу снег, но тоа не ги спречи да останат со мене. „Велат дека би останале овде неколку дена, но сега дали би останале, не знам, бидејќи животот е тежок, а можат да успеат само оние што ги сакаат животните, земјоделството и својата земја“, вели Десанка, додавајќи дека најтешко ѝ е во зима, кога се бори со снегот и виулиците, но и дека не се откажува од своите соништа – да има сопствено домаќинство, многу побогато од денес.

 

infomax.mk