Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го поминеме во знакот на значително постудено време за разлика од лани, како и со почести врнежи од дожд и снег.
Температурите овој декември ќе бидат околу, повремено и потпросечни, што значи дека може да очекува почести ладни продори од север, кои би условиле врнежи од дожд и снег, како и формирање, или зголемување веќе на постоечката снежна покривка на планините, како и на Скијачките центри.
Секако, во ваква ситуација во текот на овој месец секако дека очекуваме врнежи од снег и на пониските места (градовите) со оглед на тоа дека како што погоре најавив не очекуваат почести ладни продори од север.
Според долгорочното анализирање на времето, овие ладни продори првиот снег би го донесле и во Скопската котлина, но околу ова допрва ќе го анализирам времето, па така граѓаните на Скопје навремено ќе бидат информирани околу тоа кога ќе падне првиот снег во ниските делови од котлината.
Се на се, оваа година ќе имаме еден поинаков декември за разлика од минатите години, односно значително поладен и со повеќе дожд, снег како и со снежни идили, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.