Ден Бонџино објави репортажа за злоупотребите на програмите на УСАИД во Македонија

УСАИД директно се поврзувал со фондацијата на мултимилијардерот Џорџ Сорос за да промовира „прогресивни“ каузи како што се легализирањето на проституцијата и декриминализација на дрогата во земји „од Ирска до Македонија“, пишува во извештај на сајтот на американскиот политички водител Ден Бонџино. Во извештајот се наведуваат наодите од повеќето истраги извршени во Македонија во 2016 и 2017 година, во екот на Шарената Револуција, кога активисти укажуваа на злоупотребите што ги врши УСАИД.

Во Македонија, движењето „Стоп Операција Сорос“ бараше да се спроведе ревизиј на активностите на УСАИД и ја обвинуваа организацијата дека поттикнала политичка криза во земјата. Активностите на Сорос во Македонија вклучуваа превод и дистрибуција на озлогласената книга „Правила за радикалите“ на Сол Алински, пишува на страницата на Бонџино. Оваа книга е позната како прирачник за организирање политички кризи со насилни протести, заострување на етничките, расните и социјалните поделби и креирање кризи во земјата која е на удар, при што во Македонија се дистрибуираше во пресрет на Шарената револуција.

Понатаму во извештајот се потсетува дека американската организација Judicial Watch, која честопати истражува вакви злоупотреби на американските власти, ја тужела УСАИД за да дојде до информации за финансирањето на активностите на Сорос во Македонија со најмалку 5 милиони долари пари на американските даночни обврзници. „Со овие пари беа обучени стотици млади Македонци во процеси како што се слобода на здружување, младински политики, граѓански активизам.. Judicial Watch смета дека било извршено мешање во внатрешната политичка ситуација во Македонија што претставува кршење на Виенската Конвенција за дипломатските односи“.

Конзервативната фондација Хериџит ги дели овие ставови, и го обвини УСАИД дек директно му праќал пари на Сорос. „Сорос има право како поединец да дејствува во согласност со неговите убедувања, но излегуваат докази дека во изминатиет осум години (пред 2017 година) Сорос, неговата Фондација Отворено Општество и многу помали сродни здруженија добивале пари од американските даночни обврзници преку УСАИД, а УСАИД ја именувал Фондацијата Отворено Општество за негов главен извршувач на активностите“, пишува во анализата на новинарот Мет Палумбо, објавена на страницата bongino.com

Во текстот се посочува на ироничната ситуација Александар Сорос, наследникот на Џорџ Сорос, и неговите политички поддржувачи од Демократската Партија, да го обвинуваат Трамп и Илон Маск за „преземање на американската Влада“, кога демократите очигледно не саом што ја контролирале државната администрацијата туку и злоупотребувале програми за меѓународна помош за мешање во внатрешните политички прашања на други држави.

Ден Бонџино е поранешен агент на американската тајна служба кој е еден водечките десничарски политички коментатори во САД, со гледана емисија на каналот Рамбл и се смета за близок до претседателот Доналд Трамп.

извор: РЕПУБЛИКА