Во Кривичен суд денеска ново рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На денешното судење одбраната на обвинетите ќе изведува докази. Според најавата, денеска ќе бидат испитувани сведоци на првообвиниетиот Љупчо Палевски.
Обвинети во овој случај покрај Љупчо Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Откако ќе бидат испитани сведоците, ќе започна презентацијата на одбраната на сите обвинети.
Прв ќе сведочи Велибор Манев, потоа Боро Видески, Влатко Кешишов, таткото на Вања Александар, а последен ќе ја даде својата одбрана Палевски.
4news.mk