Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирано e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
По повод одбележувањето на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје, владина делегација составена од министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за…