Деновиве продолжува многу ладниот бран, во недела услови за слаб снег!

За време на овој викенд продолжува многу ладното време во нашата Република Македонија, кој особено ќе го чувствуваме во ноќните  и во утринските часови, кога температурите ќе бидат многу ниски и насекаде ќе се спуштаат под нулата.

На многу места температурите во ноќните  и во утринските часови овој викенд ќе се спуштаат до близу -10 степени, во делови од Македонија  и под -10 степени, а особено во Беровскиот регион, како и на високите места и планините, како и на Скијачките центри тие ќе се спуштаат до околу -15 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме исто така многу ладно време, особено наутро со температура до околу или под -5 степени. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Сепак, во недела ќе имаме повеќе облачност над Македонија, па така оваа облачност особено во источните предели ќе услови слабо и локално провејување на снег, особено во повисоките населени места, како и на планините, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

meteoalarm.mk