Маж на 46 години и жена на 27 години се тешко повредени, а со телесни повреди се здобиле и 13 годишно дете и 26 годишно момче при судир на две возила вчера на патот Челопек-Милетино.
Според увидот на полицијата едното возило било управувано од 13 годишното дете.
„Вчера во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек-Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки. Фолксваген голф управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и БМВ што го управувал 13 годишен малолетник од Челопек. Во несреќата, сопатниците од голфот С.Т.(46) и 27-годишната М.Б. од Милетино се здобиле со тешки телесни повреди, а двајцата возачи со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира денеска Марјан Јосифоски“, портпатол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
mkd.mk