Дида Тони: „Мажот треба да е 10 години помлад од жената, а не обратно“

„Разликата во години не е добра, а ако има, тогаш мажот треба да биде дури и 10 години помлад од жената, не обратно како кај нас. Мажот треба да е способен за ерекција, злато мое…“, гласи новата хит изјава на дедо Тони од Хрватска.

Дедо од Хрватска во 2019 година на 82 години стана вирален хит откако на негов уникатен начин изјави дека за него не постојат болести и лекот за него е вежбањето.

Станува збор за Таљат Селмани, познат како Тони, кој по националност е Албанец, а роден е во Вруток, Македонија и денес живее во Загреб, Хрватска.

Тони до ден денес живее со иста страст кон животот, а сега за хрватската емисија „Шпица“ проговори на тема машко-женските односи, повторно.

Неговата најнова хит изјава на темата „Што мислите за големата разлика во години помеѓу партнерите?“ гласи:

„Тоа не е добро. Ако има разлика треба жената да биде постара од мажот, а не мажот да е постар како што е обичај кај нас.

Треба да е обратно, мажот треба дури и 10 години да е помлад, а жената постара.

Мажот треба да е способен за ерекција (да му се ди*не), злато мое“.

На ова водителката му вели: „Па, добро, не е сè во сексот“, а Тони одговара:
„Тоа е најголемата љубов, кога тоа го нема, збогум животе“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ŠPICA (@spica.hrt)

crnobelo.mk