Директорот Јанев: Полициското образование е темел на силна и професионална полиција

Денеска (03.07.2026) директорот на БЈБ Александар Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме – традиција која симболизира чест, одговорност и посветеност кон татковината.
При посетата, директорот Јанев истакна дека оваа церемонија за него има особено значење, бидејќи го потсетува на неговите почетоци во полициската професија пред 33 години, кога како кадет ги направил првите чекори во службата.
Тој нагласи дека обновувањето на Средното полициско училиште „7 Мај“ во рамките на Полициската академија претставува обновување на вредностите, традицијата и докажаниот систем за создавање професионални и достоинствени полициски службеници.
Директорот Јанев порача дека раководството останува посветено на изградба на модерен и стабилен полициски систем заснован на знаење, интегритет и професионалност, нагласувајќи дека силната полиција започнува со образованието, вредностите и љубовта кон татковината.