До ДИК доставени 69 иницијативи за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје

До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.

Од ДИК денеска (2 септември) соопштија и дека се доставени 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.

– Листите на кандидати заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација се поднесуваат до општинските изборни комисии до 13 септември 2025 година, до 24 часот, кои одлучуваат за потврдување на истите – велат од ДИК.

 

 

 

slobodnaevropa.mk