До крајот на овој викенд останува стабилното, суво и натпросечно топло време во нашата Република Македонија. Ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Сето ова е поради влијанието на топлата воздушна маса која продира од југ кон нашата Македонија и целиот регион.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, додека во Скопје и околината таа ќе се искачи до близу или околу 25 степени.
Да напоменам дека овие температури кои ги имаме викендов се повисоки од просечните за овој период од годината, и тоа за 8 па се до 10 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.