Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска е хоспитализиран во Белград поради акутни болки, соопшти неговиот кабинет.
Според првата дијагноза, се додава, по потребните подготовки, следи оперативен зафат на хранопроводникот и желудникот.
„За здравствената состојба на претседателот на Република Српска јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.
Како што јавува репортерот на АТВ од Белград, лекарите рекле дека се работи за посложена операција која ќе трае неколку часа. Наведено е и дека Додик бил добро расположен пред операцијата и се надева на најдобар исход, пренесе Индекс.