Собранието го изгласа Законот за амнестија за прекршителите на полицискиот час и карантините за време на ковид-пандемијата.
Според ова, илјадници прекршители на кови-протоколите кои не платиле казна, а завршиле или треба да завршат во затвор ќе бидат амнестирани и затворот ќе им се замени со условна казна.
Предлог на Законот за амнестија, по скратена постапка, пратениците го поддржаа со 76 гласа „за“, и еден „против“.
Амнестијата нема да важи за правните лица, односно рестораните и кафулињата.
фото: Архива