Дополнителна наплата за седење под греалка во кафуле

Еден сопственик на кафуле во Загреб најде начин како да си помогне при високите сметки за струја. Одлучи на гостите ќе им наплаќа дополнително за седење надвор под греалки.

Ако сакате да пиете кафе и да ви биде топло, за таа услуга ќе треба да платите 14 куни (околу 115 денари), додека само топол пијалок ќе ве чини 12 куни (околу 100 денари), пренесува Telegram.hr

-Мислам дека греалките надвор се луксуз, во зима. Имаме доволно внатрешен простор, ако некој навистина сака да биде надвор на ладен воздух, ќе ги вклучиме греалките, но едноставно тој дел од трошокот треба да го префрлиме на крајниот корисник – објаснува сопственикот на кафулето во Загреб. , Иван Орешковиќ, сопственик на кафе барот Occulto.

На овој потег се одлучил, вели, поради сметките за струја кои пораснале за 200 отсто. Лани еден киловат чинел 55 липи, а годинава 1 куна и 65 липи.

– Во просек седат по 30 минути. Досега таа цена ја преземавме на себе. Секој грејач троши приближно два киловати на час, што е 3,2 куни. За тоа плаќавме по една куна. Таа разлика ја префрливме на гостите, а главниот дел од трошокот го задржуваме на себе – додава тој.

Сепак, не сите сопственици на локали се согласуваат со одлуката на Орешковиќ.

– Не можеме да ги покачиме цените за да бидеме во чекор со трошоците, а сега тоа мораме да го покриваме на разни начини. Ќе го избегнувам колку што можам. Што се однесува до греалките на терасите, нема да ги наплаќаме, но го разбирам секој колега што ќе се реши на тоа – истакнува Леонард Топиќ, сопственик на ресторан во Загреб.

Секретарот на Загребското угостителско друштво, Иван Тадиќ, вели дека „од одлуката на претприемачот зависи дали ќе наплати 2 куни, 5 куни или 50 липи“.

Тој исто така додаде дека „е сигурен дека претприемачите ги земаат предвид сумите што граѓаните можат да ги платат“.

 

telegraf.hr